MK ENG

Полиса за колачиња

1. Вовед

Ние ја почитуваме вашата загриженост во врска со приватноста и го цениме односот што го имаме со вас.

Како и многу други компании, ние ја користиме технологијата на нашата веб-страница за да собираме информации што ни помагаат да го подобриме вашето искуство и нашите производи и услуги. Колачињата што ги користиме овозможуваат нашата веб-страница да работи и ни помагаат да разбереме кои информации и реклами се најкорисни за посетителите.

Ве молиме, одвојте малку време за да се запознаете со нашите практики на колачиња и да нè известите доколку имате какви било прашања со испраќање на е-пошта до: Bozidar.Belic@ifmccann.com или поднесување барање преку формуларот „Контактирајте нè" на нашите веб-страници.

Се обидовме ова известување да го направиме што е можно поедноставно, а понатамошни информации за нашите безбедносни политики може да најдете на: http://www.mccann.com.mk/en/page/13/privacy-policy .


2. Кој ги собира?

Сите лични податоци кои се обезбедени до или собрани од страна на McCann Skopje преку колачиња и други технологии за следење, се контролирани од страна на I&F Grupa, во која и агенцијата McCann Skopje е интегриран дел и член.

Политиката за колачињата се применува на која било веб-страница, апликација, брендирани страници на платформи на трети лица (како што се Facebook или YouTube) и апликациите кон кои се пристапува или се користат преку такви веб-страници или платформи на трети лица (во понатамошниот текст „нашите веб-страници"), кои се водени од или во име на I&F Група. Референците на „I&F Група" во ова Известување значи компании во рамките на I&F Групата, вклучувајќи подружници, филијали, заеднички вложувања и франшизи со кои комуницирате или имате деловни односи. Дознајте повеќе за I&F Групата на http://www.mccann.com.mk/en/ .

Додека ги користите нашите веб-страници, можете да се согласите со употреба на колачиња во согласност со оваа Политика за колачиња и нашата Политика за приватност. Ако не се согласувате со нашата употреба на колачиња на овој начин, треба соодветно да ги поставите поставките на вашиот пребарувач, да ги оневозможите колачињата што ги користат или воопшто не ги користете нашите веб-страници. Ако ги оневозможите колачињата што ги користиме, ова може да влијае на вашето корисничко искуство додека сте на веб-страниците.

Делот подолу ги сумира различните видови колачиња што ги користиме на нашите веб-страници, заедно со нивната намена и ви дава можност да управувате со овие колачиња.

Ние само ќе ги собираме, користиме или откриеме вашите лични податоци кога е фер и законски да го сториме тоа.

За подетално разбирање за тоа како ние ги користиме личните податоци собрани од колачиња, ве молиме погледнете го нашето Известување за Приватност.

3. Што значи колаче?

Колачињата, пиксел ознаките и слични технологии (колективно „колачиња") се датотеки што содржат мали количини на информации кои се преземаат на било кој уред со интернет-пристап, како што е вашиот компјутер, паметен телефон или таблет уред - кога посетувате веб-страница.

Колачињата потоа се враќаат на веб-страницата од која потекнуваат при секоја последователна посета, или на друга веб-страница која го препознава тоа колаче. Колачињата прават многу различни и корисни работи, како на пример запомнување на вашите преференции, генерално подобрување на вашето онлајн искуство и помош да ви понудиме најдобри производи и услуги.

Постојат многу видови на колачиња. Сите работат на ист начин, но имаат мали разлики. За детална листа на колачиња што се користат на нашите веб-страници, ве молиме погледнете го следниов релевантен дел.


4. За која цел ги користиме колачињата?

Ние користиме колачиња за да ги олесниме нашите веб-страни, да понудиме персонализирано искуство на нашите веб-страници и подобро да ги прилагодуваме нашите производи, услуги и веб-страните до вашите интереси и потреби. Колачињата се користат за да се забрзаат вашите идни активности и вашето искуство на нашите веб-страни.

Колачињата за кои сте согласни да ги прифатите, исто така се користат да ги соберат вашите лични податоци кои ни служат за профилирање на публиката, за да можеме да испорачаме таргетирано рекламирање според вашите интереси и да го ограничиме бројот на реклами кои ги гледате. За подетални информации за активностите за профилирање кои ги преземаме со вашите лични податоци за рекламирање, ве молиме погледнете го нашето Известување за Приватност.

Ние исто така вметнуваме колачиња во пораки и билтени, за да ја подобриме нашата содржина и рекламирање.

И на крај, ние користиме колачиња за да составиме анонимни, збирни статистички податоци кои ни овозможуваат да разбереме како луѓето ги користат нашите веб-страници и да ни помогнат да ја подобриме нивната структура и содржина и исто така да ни помогнат да ја измериме ефективноста на рекламните кампањи на нашите и на надворешните веб-страници.

Подетални информации за видовите на колачиња што ги користиме и за кои цели, може да се најдат во релевантната секција подолу.


5. Како можам да ги контролирам и избришам колачињата?

Постојат многу начини за управување со вашите колачиња:

  • Вие може да не ја дадете вашата согласност;
  • Може да ги оневозможите нашите или колачињата од трети лица со користење на поставувањата на пребарувачот;
  • Може да ја користите нашата алатка за управување со колачиња за да ги оневозможите нашите колачиња или колачињата од трети лица.

6. Контролирајте ги поставувањата на вашиот интернет пребарувач

Повеќето интернет прелистувачи првично се поставени за автоматски да прифаќаат колачиња. Ако не сакате нашите веб-страници да зачувуваат колачиња на вашиот уред, може да ги промените поставувањата на вашиот пребарувач, така што ќе добиете предупредување пред да се зачуваат одредени колачиња. Исто така, може да ги прилагодите вашите поставки така што вашиот прелистувач ќе ги одбие поголемиот дел од нашите колачиња или само одредени колачиња од трети лица. Може исто така да ја повлечете вашата согласност за колачиња со бришење на колачињата кои се веќе зачувани.

Ако ги оневозможите колачињата што ги користиме,ова може да влијае на вашето искуство додека сте на нашата веб-страница, на пример, можеби нема да може да посетите одредени области на веб-страница или да не примате персонализирани информации кога ќе ја посетите веб-страница.

Ако користите различни уреди за да ја посетите и да пристапите до нашата веб-страница (на пр. вашиот компјутер, паметен телефон, таблет уред), ќе треба да се осигурете дека секој прелистувач на секој уред е прилагоден според вашите параметри за колачиња.

Процедурите за менување на вашите поставки и колачиња се разликуваат од прелистувач до прелистувач. Доколку е потребно, користете ја функцијата за помош на вашиот прелистувач или кликнете на една од линковите подолу за да отидете директно во упатството за користење на вашиот интернет пребарувач.

Исто така, постојат и софтверски производи кои може да управуваат со колачиња наместо вас.

Исто така, може да го користите www.ghostery.com за да ја оцените употребата на колачиња кои се користат на нашите веб-страници.

За да дознаете повеќе за колачињата, вклучувајќи и како да видите какви колачиња се поставени и како да управувате и да ги избришете, посетете https://cookiepedia.co.uk .


7. Контрола преку нашата алатка за управување со колачиња

Може да ги оневозможите нашите или колачињата од трети лица со користење на нашата алатка за дозвола за колачиња.

Исклучувањето на колачињата за следење, на пример, гарантира дека повеќе нема да го следиме вашето онлајн однесување. Сепак ве молиме забележете дека одбраната од следење на колачиња не мора да значи дека ќе добиете помалку реклами од нас. Тоа само значи дека рекламирањето што го добивате нема да биде прилагодено на вашите интереси.


8. Кои колачиња ги користиме?

Колачињата кои се користат на нашите веб-страници може генерално да се категоризираат како:

  • Неопходни колачиња. Овие колачиња не ве идентификуваат како поединец.
  • Колачиња за изведба. Овие колачиња не ве идентификуваат како поединец.
  • Функционални колачиња. Информациите што ги собираат овие колачиња може да вклучуваат лични податоци кои сте ги овозможиле да се видат.
  • Таргетирани или рекламни колачиња. Повеќето типови на овие колачиња ги следат потрошувачите преку нивниот ID на уредот или IP адресата, затоа тие можат да собираат лични податоци.
  • Колачиња од трети лица. Врз основа на видот на колачиња што ги користи релевантната трета страна, информациите што овие колачиња ги собираат може да вклучуваат лични податоци.

Колачињата што се користат на нашите веб-страници може генерално да се категоризираат како:

  • Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се од суштинско значење за правилно работење на нашите веб-страници, тие ви овозможуваат да се движите низ нашите веб-страници и да ги користите нашите функции. Без овие колачиња не може да се обезбедат услуги како шопинг кошници. Примерите вклучуваат запомнување на претходните дејства (на пример, внесениот текст) кога се враќате на страница во истата сесија.
  • Дали овие колачиња собираат лични податоци или ме идентификуваат? Овие колачиња не ве идентификуваат како поединец. Ако не ги прифаќате овие колачиња, тоа може да влијае на ефикасноста на веб-страницата или делови од неа.
  • Колачиња за изведба. Овие колачиња собираат информации за тоа како ги користите нашите веб-страници, на пример, кои страници најчесто ги посетувате, времето поминато на нашите веб-страници и сите проблеми со кои се соочувате, како што се пораките за грешки. Овие колачиња исто така се користат за да им овозможат на подружниците да знаат дали сте дошле на некоја од нашите веб-страници од подружница и ако вашата посета резултирала со користење или купување на некој производ или услуга од нас, вклучувајќи и детали за купениот производ или услуга. Ова ни помага да ги подобриме перформансите на нашите веб-страници.
  • Дали овие колачиња собираат лични податоци или ме идентификуваат? Овие колачиња не ве идентификуваат како поединец. Сите информации што ги собираат овие колачиња се збирни и затоа се анонимни. Се користат само за да се подобри начинот на функционирање на веб-страница.
  • Функционални колачиња. Овие колачиња им овозможуваат на нашите веб-страници да се сетат на изборот што го правите (како што се вашето корисничко име, јазик или регион во кој сте), за да ви обезбедат поголемо персонализирано онлајн искуство. Овие колачиња исто така може да се користат за да ги запомнат промените што сте ги направиле за големината на текстот, фонтовите и другите делови од веб-страниците што може да се прилагодуваат. Слично на тоа, тие служат и за да водат евиденција за тоа кои производи и видеа веќе биле гледани, за да се избегне повторување, како и да ви овозможат да играте игри или да се поврзете со социјалните алатки, како што се блогови, чатови и форуми.
  • Дали овие колачиња собираат лични податоци или ме идентификуваат? Информациите што ги собираат овие колачиња може да вклучуваат лични податоци што сте ги откриле. Ако не ги прифаќате овие колачиња, тоа може да влијае на ефикасноста и функционалноста на веб-страницата и може да го ограничи пристапот до содржина на веб-страната.
  • Таргетирани колачиња. Овие колачиња се користат за да се испорача содржина која е повеќе релевантна за вас и за вашите интереси. Тие исто така се користат за давање насочено рекламирање или ограничување на бројот на прикажување реклами, како и да помогне во мерењето на ефективноста на рекламните кампањи на нашите и на надворешните веб-страници. Тие запомнуваат дека сте посетиле една од нашите веб-страници и оваа информација е споделена и со други страни, вклучувајќи ги адвертајзерите и наши агенции. Овие колачиња може исто така да бидат поврзани со функционалноста на веб-страниците обезбедени од трети лица.
  • Дали овие колачиња собираат лични податоци или ме идентификуваат? Повеќето типови на овие колачиња ги следат потрошувачите преку нивниот ID на уред или IP адресата, затоа тие можат да собираат лични податоци.

9. Времетраење на колачето што го користиме

Во однос на времетраењето, на нашите веб-страници може да користиме два различни типа колачиња:

  • Колачиња за сесија. Овие колачиња се привремени колачиња кои остануваат на вашиот уред додека не ги напуштите нашите веб-страници; или
  • Постојани колачиња. Овие колачиња остануваат на вашиот уред многу подолго или додека рачно не ги избришете (колку долго колачето останува на вашиот уред, ќе зависи од времетраењето или „животниот век" на специфичното колаче, како и поставките на вашиот пребарувач).