MK ENG

Политика за приватност

  • Преглед на политиката за приватност

Ова е главната политика за приватност на McCann Скопје и за одредени услуги што се овозможуваат преку оваа и преку други веб-страници и апликации.
McCann Скопје работи со различни компании, вклучувајќи провајдери на податоци, огласувачи на реклами и издавачи, со цел мерење на ефективноста и досегот на содржината што се гледа или се слуша на интернет и на радио, без оглед на видот на уредот што луѓето го користат за прегледување на таквата содржина. На пример, им помагаме на огласувачите на реклами подобро да ги разберат резултатите од кампањите насочени кон публиката што користи телевизија, радио, компјутери и мобилни телефони.
Оваа Политика за приватност се однесува на сите информации за вас што ги собира McCann Скопје, без оглед на тоа како тие се собираат или се чуваат, и, меѓу другото, ги опишува типовите информации што се собираат за вас кога учествувате во испитувања на пазарот за тоа како можеби ќе се користат вашите информации и кога може да бидат разоткриени, како можете да ги контролирате употребата и разоткривањето на вашите информации и како се заштитени информациите.
Во оваа Политика за приватност ги дискутираме следните теми, како и многу повеќе:
1. Какви информации собираме;
2. Како ги собираме информациите и како ги користиме;
3. Информации во врска со интернет-реклами;
4. Какви информации им даваме на трети лица/страни;
5. Како можете да го смените или да го контролирате она што се собира;
6. Информации за корисници лоцирани надвор од ЕУ;
7. Како може да се смени оваа Политика за приватност;
8. Други корисни информации во врска со вашата приватност;
9. Како можете да стапите во контакт со I&F McCann Grupa  Скопје во врска со какви било прашања или грижи што можеби ги имате.
Може да постојат други политики за приватноста, кои се однесуваат на одредени услуги што ние ги овозможуваме. Прочитајте ги тие политики кога ќе се регистрирате или ќе се претплатите за услугите на соодветните страници.

  • Намерата на собирањето податоци од корисниците

Во McCann Скопје собираме различни типови информации од нашите корисници поради шест главни причини:
1. За истражувања и правење анализи, вклучувајќи анкети/испитувања на мислењата;
2. За реализација на одредени маркетиншки активности;
3. За да ни помогнат во надгледувањето и подобрувањето на услугите што ги нудиме;
4. За да одговориме на вашите прашања, грижи или барања до тимот за корисничка поддршка;
5. За комуникација со вас во врска со вашата сметка;
6. Ако добиеме дозвола од корисникот или ако тоа го дозволуваат законите, за рекламирање на нашите услуги на корисниците.
3.   Нашите принципи:
1. Правиме сè што можеме за да ја заштитиме вашата приватност со соодветно користење на безбедносната технологија. Ова значи:

  • Се стремиме да ги имплементираме сите соодветни безбедносни мерки за заштита на вашите информации; и
  • Се грижиме другите организации, од кои бараме услуги за нас, да ги применуваат сите соодветни безбедносни мерки.

2. Ќе ја почитуваме вашата приватност. Собираме лични информации, а ако се согласите, би требало да добивате рекламни материјали само од нас (преку е-пошта, обична пошта, СМС или телефон) и, ако се согласите, од другите организации што ние внимателно сме ги одбрале. Ќе ви посочуваме секогаш кога ќе можете да направите избор во врска со ова, на пример, ќе ви дадеме опции со полиња за избор (штиклирање) за да нè информирате дали сакате да добивате рекламни материјали и ќе можете да ги откажете секогаш кога веќе не сакате да ги добивате. Сепак, повремено може да ви праќаме информации или прашања по е-пошта за вашите мислења.
3. Ќе ги собираме и ќе ги користиме поединечните кориснички детали само ако имаме ваша дозвола или ако имаме разумни деловни причини за тоа, како што е собирање доволно информации за правење испитувања.
4. Ќе бидеме јасни околу нашите дејства во однос на тоа какви информации ќе собираме за вас и како ќе ги користиме.
5. Личните информации ќе ги користиме само за намерите за кои оригинално биле собрани и ќе се стремиме да бидат избришани на безбеден начин.
6. Нашите страници се пристапни на интернет. Тоа значи дека луѓето од целиот свет, кои им пристапуваат на нашите веб-страници, може да видат сè што објавувате, на пример, коментари на некоја статија.
7. Ако ние или нашите провајдери на услуги изнесеме некакви информации надвор од рамките на Европската економска заедница (ЕЕЗ), тоа ќе се прави само доколку е воспоставена соодветна заштита (како што се бара со GDPR ‒ Општа регулатива за заштита на податоците).
8. Вие имате право во секое време да ни испратите приговор на обработката на вашите лични податоци за директен маркетинг, вклучуваќи профилирање, колку што се однесува на нашите услуги. Жалбата може да се направи преку електронска пошта до деталите за контакт подолу на стр.1.
9. Складираме евиденција за вашите лични податоци со цел да обезбедиме висок квалитет и конзистентност на услугите во рамките на Групацијата. Ние секогаш ги чуваме и обработуваме вашите податоци во согласност со законот.
4.    Какви податоци собираме:
McCann Скопје може да собира податоци за содржината што се прегледува (пр. која рекламна кампања или која епизода од програмата се прегледува), каде се прегледува содржината (пр. на која веб-страница или апликација), како и општите информации за уредот на кој се прегледува содржината (пр. таблет или паметен телефон, рекламен идентификатор, IP-адреса, оперативен систем).
Потоа, податоците собрани преку некоја од нашите услуги се споредуваат со податоците од други компании каде што се врши препознавање на сопствените корисници или каде што се собираат податоци за консументите генерално. Овие други компании ја снабдуваат Nielsen со збирна статистика за публиката или статистика под псевдоними. Не ги известуваме овие трети лица/страни за тоа каква содржина гледале нивните корисници, а McCann Скопје никогаш не дознава за идентитетите на корисниците на другите компании.
Не ги идентификуваме или не се обидуваме да ги идентификуваме поединците кога правиме истражувања на пазарот.
Нашата компанија им поставува кратки анкетни прашања на корисниците по случаен избор, кои можеби биле изложени на содржината на нашите клиенти. Одговорите на овие прашања се доброволни. Ако некој одговори на прашање од анкетата, одговорот се зачувува во база на податоци. Анкетите не бараат или не собираат какви било податоци со кои би можеле директно да ве идентификуваат.
Регистрирање за билтен
Веб-страната на Агенцијата обезбедува електронски билтен на I&F McCann Grupa, со вести од компаниите и агенциите кои работат во рамки на I&F McCann Grupa, за кој корисниците можат доброволно да се претплатат во секое време, како и да ја прекинат претплатата. Корисничката адреса на е-пошта ќе се користи исклучиво за праќање е-пошта само од овој извор во врска со бизнисот на I&F McCann Grupa. Ниту една адреса на е-пошта на корисниците, ниту, пак, идентитетот, нема да биде продаден, најмуван или разоткриван пред поединци или организации надвор од рамките на I&F McCann Grupa, или на провајдери што ги користиме за праќање на овие билтени. Корисниците можат во секое време да се отстранат од списокот за добивање електронски билтен со следење на упатствата за прекинување на претплатата најдолу во секој билтен.
За праќање билтени, I&F McCann Grupa главно го користи сервисот MailChimp.
Лични податоци што се собираат: е-пошта или други информации за регистрирање што ги внесуваат корисниците
Место на обработка: САД – Политика за приватност

Електронска пошта

            Многу од нашите програми и веб-страни ви дозволуваат да ни испратите електронска пошта. Ние ќе ги користиме информациите што ги давате за да одговориме на вашето барање. Единстевно ќе ви ги испратиме општите информации преку електронска пошта. Вам треба да ве потсетат дека електронската пошта можеби не е неопходно да биде безбедна против пресретнување. Затоа, предлагаме да не испраќате чувствителни лични податоци ( како што е вашиот број за социјално осигурување) до нас преку електронска пошта. Доколку вашата комуникација со електронска пошта е  многу чувствителна или содржи информации како што се вашата банкарска сметка, кредитна картичка или број за социјално осигурување, треба да употребите друго алтернативно поднесување на податоци преку безбедна веб-страна, доколку е достапна.

5.      Како ги користиме овие податоци?
Овие податоци ги користиме за да добиеме различна статистика, извештаи и анализи, вклучувајќи го составот на публиката што прегледува одредена содржина или, пак, за ефективноста на рекламната кампања.
McCann Скопје може, исто така, да ги збогати или да ги калибрира собраните податоци со други податоци добиени од извори на интернет или надвор од интернет, вклучувајќи податоци за преглед на Nielsen панел (исклучувајќи ги деталите со кои може да се идентификуваат поединци). Другите извори на податоци може да ги вклучуваат социјалните медиуми и страниците за е-трговија. Овие дополнителни извори ни овозможуваат реализација на големи истражувања и анализи во однос на демографијата, претпочитањата и навиките на публиката на интернет.
Во нашата статистика, извештаите и анализите вклучуваме само неидентификувачки или збирни податоци.
За полесно остварување на нашите маркетиншки цели, освен податоците што ни ги овозможувате кога се регистрирате, може да добиеме и податоци од доверливи трети страни, за да ни помогнат да разбереме за вашите можни интереси. Овие информации за „профилирање“ се добиваат од различни извори, вклучувајќи извори на јавно достапни податоци (како список на регистрирани гласачи) или извори како што се испитувања на јавното мислење и анкети каде што вие сте дозволиле да бидат споделувани вашите податоци. Можете да изберете таквите податоци да не бидат споделени со нас од овие извори со тоа што ќе се најавите во вашата сметка и ќе ги измените поставките за тоа во делот за приватност.
Откако ќе се регистрирате, и со ваша дозвола, може да ви праќаме е-пошта што сметаме дека би ве интересирала. Билтените може да бидат персонализирани, базирано врз она што сте го читале на веб-страницата. Можете да одлучите да не примате ваква е-пошта и во кое било време можете да ја прекинете претплатата за нив преку функцијата „unsubscribe“.
6.      Избор
McCann Скопје верува дека треба да имате избор за тоа дали ќе придонесувате за нашите истражувања и статистики. Доколку во моментот не сте вклучени во активностите на McCann Скопје и не посакувате да учествувате во истражување, можете во секое време да се откажете од тоа.
7.      Користење податоци за деца
Не собираме или не чуваме свесно какви било лични информации за деца помлади од 16 години и не нудиме ниеден од нашите производи или услуги директно на деца помлади од 13 години.
8.      Ажурирање на вашите лични информации
Можете да ги ажурирате вашите лични информации во кое било време и да ги измените вашите претпочитања за нашите маркетиншки цели со тоа што ќе стапите во контакт со нашиот контролор на податоци одговорен за заштита на информациите, Божидар Белиќ, bozidar.belic@ifmccann.com.
9.      Со кого ги споделуваме податоци
Во зависност од тоа каде живеете, вашите лични информации може да бидат споделени со компаниите на I&F McCann Grupa што се наоѓаат во Шведска, Норвешка, Хрватска, Србија и во другите земји каде што I&F McCann Grupa има компании.
Нема да ги споделуваме вашите лични информации со други освен ако сте ни дале дозвола за тоа. Ако имаме ваша дозвола, ќе ги споделиме вашите информации само со организациите што внимателно сме ги одбрале.
Ако посетите настан организиран од партнер за организирање настани, податоците може да бидат споделени за административни цели на настанот.
Може да овозможиме достапност на услуги од други организации преку нашите страници, иако не мора да значи дека ние управуваме со тие страници. Сите информации што ги собираме кога пристапувате до некоја услуга овозможена од друга организација ги обработуваме согласно оваа политика за приватност. Информациите што ги собираат овие други организации се раководени согласно нивните политики за приватност.
Може да пристапиме до личните информации или да дадеме лични информации согласно одредени закони и владини барања, за правилно да раководиме со нашите системи и за да се заштитиме ние, но и нашите корисници.
Кои било други организации, кои добиваат пристап до вашите информации во текот на овозможувањето на услугите од наше име, ќе се предводат согласно строгите договорни рестрикции, за да се загарантира дека вашите информации ќе бидат заштитени и со цел почитување на законите за заштита на податоците и на приватноста. Исто така, може независно да ги ревидираме овие провајдери на услуги, за да се осигуриме дека ги исполнуваат нашите стандарди. Може да користиме провајдери на услуги што ќе ни помогнат да раководиме со овие страници (или услуги достапни на страниците), од кои некои можеби се наоѓаат надвор од ЕЕЗ.
Имајте предвид дека при посетата на овие страници/апликации, посетителите може да се пренасочат до други страници преку одредени врски, кои се надвор од нашата сфера и влијание. McCann Скопјене е одговорна за содржината или политиката за приватност на тие други страници.
10.      Користење колачиња
Користиме колачиња од повеќе причини:

  • За статистички цели, односно за следење на тоа колку корисници имаме и колку често ги посетуваат нашите веб-страници. Собираме информации за тоа кои се нашите најпосетувани страници, од кои типови корисници и од кои земји.
  • Користиме и други организации за собирање анонимни кориснички информации, понекогаш преку колачиња и веб-сигнализатори (информации вградени во сликите што дозволуваат анализа на тоа како се користи веб-страницата и колкав е бројот на посетители). На пример, нашите веб-страници може да имаат софтвер за мерења направен од McCann, кој овозможува да придонесувате за истражувања на пазарот.
  • Ние и другите огласувачи на реклами може да користиме статистички колачиња за да следиме кому се прикажуваат рекламите и кои лица кликнале на нив. Можете да пронајдете информации за ова во секцијата за Рекламирање базирано врз однесувањето на интернет од оваа Политика за приватност.
  • Со поставувањето колачиња на вашиот компјутер, значи дека можеме да ви прикажуваме реклами за кои сте можеби заинтересирани и тоа ни дозволува да контролираме колку пати ќе ги видите и да измериме колкав бил ефектот на рекламната кампања. Рекламирањето овозможува бесплатно користење на страницата. Повеќе информации за ова можете да најдете во делот за Рекламирање базирано врз однесувањето на интернет од оваа Политика за приватност, вклучувајќи го и тоа како да побарате да не бидете повеќе вклучени во тоа.
  • Може да користиме „брзи“ (flash) колачиња за да ги зачуваме вашите избрани опции за медиумскиот плеер (на пример, за гласноста на аудио/видеосодржината итн.). Ако не ги користиме, можеби нема да можете да гледате одреден дел од видеосодржината. Можете да ја исклучите опцијата за зачувување на колачињата, но така можеби нема да можете да ги користите сите услуги на нашите веб-страници и можеби ќе ви се прикажуваат повеќе скокачки прозорчиња или друг вид реклами. Ова се случува поради тоа што нема да бидеме во можност да го ограничиме она што го гледате, кое го правиме со помош на колачињата. Сепак, и натаму ќе можете да ја гледате нашата уредничка содржина.
  • Ние или другите компании може да користиме колачи за да предложиме и да испорачаме содржина што веруваме дека би ве интересирала.

За повеќе информации за колачињата и како да раководите со нив, вклучувајќи го тоа како да ги исклучите, посетете ја нашата страница посветена на колачиња.
Со користењето на страниците, вие се согласувате на користењето колачиња, како што е опишано погоре.
11.      Google Analytics/Google Tag Manager
Користиме Google Analytics/GTM на нашите страници за анонимно пријавување податоци за користењето на страницата и за реклами на страницата.
Google Analytics е услуга обезбедена од Google Inc. („Google“), која служи за правење анализи. Google ги користи собраните податоци за да го следи и да го испитува користењето на страницата/апликацијата, за да подготвува извештаи на активностите и за нивно споделување со други сервиси на Google.
Google може да ги користи собраните податоци за да ги стави рекламите во контекст и за нивна персонализација во рамките на сопствената рекламна мрежа.
Лични податоци што се собираат: Колачиња и податоци за користењето.
Место на обработка: САД – Политика за приватност – Исклучи се

Google Tag Manager е аналитичка услуга овозможена од Google Inc.
Лични податоци што се собираат: Колачиња и податоци за користењето.
Место на обработка: САД – Политика за приватност
12.      За нашите реклами
Како што ги прелистувате нашите страници, одредени колачиња што ги поставуваме на вашиот компјутер ќе бидат поврзани со реклами, така што ќе можеме да разбереме за какви страници се интересирате. Потоа, може да прикажуваме реклами во вашиот прелистувач што ќе бидат базирани врз вашите регистрирани интереси. На пример, ако сте читале многу статии за храна и пијалаци, можеби ќе ви се прикажуваат повеќе реклами за храна и пијалаци.
Важно е да запомните дека ниту една од користените техники не се користи за собирање информации, како што се вашето име, адресата на е-пошта, поштенската адреса или телефонскиот број.
Исто така, можеби ќе споделуваме анонимни податоци за однесувањето со нашите рекламни партнери, вклучувајќи комерцијални организации што финансираат содржина означена со „Supported by“ („Поддржано од“), „Paid content/Paid for by“ („Платена содржина/Платено од“) или „Advertiser content/from our advertisers“ („Рекламна содржина/од нашите огласувачи на реклами“). Тоа може да значи дека ќе ви се прикажуваат реклами базирани врз вашето однесување кога се наоѓате на другите веб-страници. Исто така, може да ви прикажуваме реклами на нашата страница базирани врз вашето однесување на други страници.
Бихевиористичкото таргетирање е друга форма што ни овозможува нам и на некои од нашите рекламни партнери да ви прикажуваме реклами базирано врз вашите шаблони на прелистување страници и вашата интеракција со нив надвор од рамките на нашите страници. На пример, ако сте посетиле веб-страница на продавница за облека, можеби ќе почнете да гледате реклами од истата веб-страница за купување облека, каде што се прикажани специјални понуди или каде што ви се прикажуваат производите што сте ги прелистувале. Тоа овозможува компаниите да се рекламираат пред вас доколку ја напуштите нивната веб-страница без да купите нешто.
Ако сакате да се исклучите од добивање бихевиористички реклами, тоа не значи дека воопшто нема да добивате реклами кога ги посетувате нашите страници. Тоа само значи дека рекламите што ги гледате нема да бидат по ваша мерка.
Рекламирањето мобилни уреди може да вклучува собирање и споделување уникатен идентификациски број на уредот со компании што откупуваат рекламен простор на мобилната апликација.
Техники на повторно рекламирање и бихевиористичко таргетирање што можеби ќе ги користиме:

Facebook Remarketing (Facebook, Inc.)
Facebook Remarketing е услуга за повторно рекламирање и бихевиористичко таргетирање овозможена од Facebook, Inc., која ја поврзува активноста на оваа апликација со рекламната мрежа на Facebook.
Лични податоци што се собираат: Колачиња и податоци за користењето.
Место на обработка: САД – Политика за приватност – Исклучи се

Facebook Custom Audience (Facebook, Inc.)
Facebook Custom Audience е услуга за повторно рекламирање и бихевиористичко таргетирање овозможена од Facebook, Inc., која ја поврзува активноста на оваа апликација со рекламната мрежа на Facebook.
Лични податоци што се собираат: Колачиња и адреса на е-пошта.
Место на обработка: САД – Политика за приватност – Исклучи се

Повторно рекламирање преку Google Analytics for Display Advertising (Google Inc.)
Google Analytics for Display Advertising е услуга за повторно рекламирање и бихевиористичко таргетирање овозможена од Google Inc. која ја поврзува активноста реализирана од Google Analytics и колачињата со рекламната мрежа Adwords и Doubleclick Cookie.
Лични податоци што се собираат: Колачиња и податоци за користењето.
Место на обработка: САД – Политика за приватност – Исклучи се
13.      Други реклами
Нашите страници содржат врски до други веб-страници од кои можеби заработуваме. Нашите статии никогаш не се под влијание на огласувачите на реклами или филијалите, ниту, пак, се напишани со цел промовирање производ, освен кога статијата е јасно означена со „sponsored by“ („спонзорирано од“), „brought to you by“ („овозможено од“) или „supported by“ („поддржано од“), „Paid content/paid for by“ („Платена содржина/платено од“) или „Advertiser content“ („Рекламна содржина“), „from our advertisers“ („од нашите огласувачи на реклами“), со цел претставување спонзорирана содржина, рекламни карактеристики и функции финансирани од фондација.
14.      Правни информации и како да стапите во контакт со нас
Согласно Општата регулатива за заштита на податоците (EU 2016/697), обврзани сме да искажеме кој е „контролорот на податоци“ за McCann Скопје и за услугите овозможени преку нашите веб-страници. Контролорот на податоци е организацијата задолжена за заштита на информации и, во нашиот случај, тоа е Божидар Белиќ, bozidar.belic@ifmccann.com.
Доколку сакате да добиете пристап до личните информации што ги имаме за вас или да добиете копија од нив, да побарате корекција или доколку имате прашања за тоа како може да ги користиме или, пак,  да поднесете поплака, стапете во контакт со менаџерот за заштита на податоци на адресата прикажана подолу.
Поплаките ќе бидат разгледани од менаџерот за заштита на податоци и ќе добиете одговор за нив најдоцна во рок од 30 дена.
15.      Измени на политиката за приватност
Доколку одлучиме да ја измениме политиката за приватност, измените ќе ги објавиме овде. Доколку измените се од поголемо значење, може и да ги пратиме по е-пошта до сите наши регистрирани корисници. Онаму каде што се бара со законот, ќе побараме согласност од вас за овие измени.