MK ENG

Горд комуникациски партнер на 39-тото издание на ИФФК Браќа Манаки

McCann Скопје е горд комуникациски партнер на еден од најпрестижните културни настани во Македонија – 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки”,кој оваа година, под слоганот „Hats Off“ („Симнуваме капа“)се одржува во периодот од 22-29 септември, традиционално во Битола.

Нашата инспирација во креирањето на креативните решенија на Фестивалот беа безвременските капи на браќата Манаки и градот во кој тие живееле и твореле – Битола, а токму преку нив, метафорично ја пренесуваме нашата порака за благодарност и почит на нивната работа и работата на сите филмски работници кои земаат учество во Фестивалот. Сакаме да кажеме СИМНУВАМЕ КАПА на сѐ што претставува Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Нашите капи лебдат, паѓаат, се движат или едноставно постојат и се сеприсутни над еден од најпрепознатливите објекти кои го чуваат и негуваат културното наследство во овој град – НУ Завод и музеј – Битола. Нивната метафоричност се трансформира во своевидна илузија и несекојдневна магија, со која всушност ги поврзуваме филмовите.