MK ENG

БАРАМЕ ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

 

Од кандидатите очекуваме:

  • Најмалку две години работно искуство на исто или слично работно место
  • Одлично познавање на Adobe програмите
  • Познавање на техники на припрема за печат и печатење
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Подготвеност за тимска и самостојна работа

Одговорности:

  • Создавање на иновативни дизајнерски концепти и решенија
  • Дизајн на лого, брендирање, изработка на продажни елементи за кампањите (ПОС материјали)
  • Користење на сите релеватни дизајнерски алатки (типографија, лого, колорит, графика, илустрација, фотографија, 3Д рендеринг) на соодветен начин
  • Развој на сите креативни решенија за комуникација (офлајн и онлајн)
  • Обработка на фотографии
  • Подготовка на припреми за печатење
  • Комуникација и координација со другите тимови во агенцијата
  • Разбирање на потребите и барањата на клиентот, брифирање, следење на трендовите

Нудиме можност за развој на вашите вештини, работа за светски познати брендови и компании, како и можност за постојано напредување и усовршување.

Ако сте заинтересирани за оваа позиција и ги задоволувате критериумите, ве молиме испратете CV најдоцна до 20.08.2017 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.