MK ENG

Бараме ПР менаџер, сениор графички дизајнер и менаџер за дигитални комуникации

МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА


Од кандидатот очекуваме:

  • Универзитетска диплома 
  • Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
  • Искуство од работа во агенција е предност
  • Искуство во водење на проекти кои вклучуваат различни комуникациски канали
  • Искуство во организирање на настани
  • Познавање на политичката, социјалната и економската сфера
  • Познавање на медиумите и нивната работа
  • Одлични способносоти за писмено изразување
  • Одлични презентациски вештини, елоквентност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за аналитичко размислување и расудување, следење трендови
  • Способност за вршење на повеќе задачи истовремено
  • Напредно ниво на користење на Microsoft пакет
  • Подготвеност за тимска и самостојна работа

Одговорности:

  • Водење на комуникациски проекти за клиенти
  • Раководење со тимовите во агенцијата вклучени во проектот
  • Јасно поставување рокови и цели за секоја фаза на проектот, одговорност за имплементација и евалуација на сите фази на проектот
  • Секојдневна комуникација и координација со клиентите
  • Пишување материјали наменети за медиумите
  • Подготовка на комуникациски стратегии и планови
  • Реализација на планираните активности заедно со членовите од тимот

 

СЕНИОР ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР


Од кандидатите очекуваме:

  • Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
  • Одлично познавање на Adobe програмите
  • генерирање на иновативни креативни решенија
  • Познавање на техники на припремаза печат и печатење
  • Активно познавање на трендовите во областа на дизајнот и адвертајзинг
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Подготвеност за тимска и самостојна работа

Одговорности:

  • Создавање на иновативни дизајнерски концепти и решенија
  • Дизајн на лого, брендирање, изработка на продажни елементи за кампањите (ПОС материјали)
  • Користење на сите релеватни дизајнерски алатки (типографија, лого, колорит, графика, илустрација, фотографија, 3Д рендеринг) на соодветен начин
  • Развој на сите креативни решенија за комуникација (офлајн и онлајн)
  • Обработка на фотографии
  • Подготовка на припреми за печатење
  • Комуникација и координација со другите тимови во агенцијата
  • Разбирање на потребите и барањата на клиентот, брифирање, следење на трендовите

 

МЕНАЏЕР ЗА ДИГИТАЛНИ КОМУНИКАЦИИ


Од кандидатот очекуваме:

  • Универзитетска диплома
  • 2+ години работно искуство во интернет маркетинг
  • Одлично познавање на алатки за интернет маркетинг и социјални мрежи
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работата во Microsoft Office пакетот (Excel, Word, Power Point)
  • Креативност, проактивност и желба за работа во тим

Одговорности:

  • Одговорен за контакт со клиенти за сите работи поврзани со интернет маркетинг и градење на долгорочни односи со клиентите
  • Развој на дигитални стратегии согласно со специфичните потреби на секој клиент
  • Изработка на комуникациски планови за различните онлајн платформи
  • Буџертирање на кампањи и активности
  • Креирање, следење и оптимизирање на кампањи преку Facebook, Instagram, Twitter,  Google AdWords.
  • Менаџирање на заедниците и репутацијата на клиентите на интернет
  • Следење и анализа на активностите со користење на алатки како Google Analytics, Facebook, Twitter итн.
  • Управување со процесот на развој и унапредување на веб страните на клиентите
  • Спроведување на е-маил кампањи и менаџирање на бази на претплатници
  • Употреба на СЕО техники за унапредување на онлајн присуството на клиентите
  • Следење на најнови трендови и нивна имплементација во секојдневното работење

Нудиме можност за развој на вашите вештини, работа за светски познати брендови и компании, како и можност за постојано напредување и усовршување.

Ако сте заинтересирани за некоја од овие позиции и ги задоволувате критериумите, ве молиме испратете ни CV најдоцна до 01.03.2017 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.