MK ENG

Мрдни со прст

Во време кога најголемата активност за која ги користиме прстите е стискањето лајкови, за нашиот клиент Macedonia Support Initiative, изработивме кампања која треба сите да не размрда, ако ништо друго, барем со прстите да бидеме уште поактивни и да покажеме што е ок а што не.

Целта на кампањата е да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. Кампањата ‘‘Мрдни со прст‘‘ на асоцијативен и едноставен начин покажува колку всушнот е лесно и едноставно да се мрдне со прст и да се даде личен придонес.

 

 


 

 

Носечката порака и идеја на кампањата ја оживеавме со интересен визуелен идентитет и целосна реализација преку различни канали, ТВ реклама, многубројни герила активности, бтл активности и секако дигитална платформа преку  која граѓаните можат да пријавуваат или да се вклучат во одредени граѓански иницијативи.

 

 

Навистина е потребно малку за да придонесеме многу, само треба да мрднеме со прст.