MK ENG

Microsoft Визија: Reloaded

Новата, освежена и надополнета Microsoft Визија конференција, во организација на Меккен и Мајкрософт Македонија годинава се одржа на 16 и 17 ноември во хотел Мериот.

Новото име, Microsoft Визија: Reloaded кажува се: релоадед во однос на содржината, гостите, надополнета со енергијата и ентузијазмот кои нашиот тим го вложи во организација на овој најголем настан кој ги поврза ИТ индустријата, деловниот, образовниот и јавниот сектор.

Повеќе од 350 гости од домашниот и меѓународниот ИТ и бизнис свет во текот на двата дена ги слушаа врвните предавачи и уживаа во уникатната атмосфера и одличната организација благодарение на нашите професионални тимови.

За Microsoft Визија: Reloaded создадовме оригинално лого и целосно нов визуелен идентитет, креиравме нови содржини и комуникациска платформа преку која за конференцијата се слушна надалеку:преку 130 медиумски објави, повеќе од 350 посетители, и многу медиумски и други партнери.

Визија релоадед заврши, но успешната приказна на Меккен и Мајкрософт продолжува и понатаму со нови проекти и уште поголеми предизвици.