MK ENG

‘‘Поврзи ме со креативност‘‘

‘‘Поврзи ме со креативност‘‘ е мотото на овогодинешниот петти по ред Фестивал за креативни индустрии „Скопје креатива“ кој ќе се одржи од 9 до 11 јуни на Плаја Виста.
Целта на овој реномиран фестивал кој успешно е прифатен од домашната но и од регионалната и европската публика е развој и поттикнување на креативните индустрии, поттикнување на индивидуалната креативност, вештина и талент.  
 
Во текот на трите фестивалски дена, Скопје ќе биде креативниот центар на Балканот обединувајќи на едно место звучни имиња од креативната индустрија од регионот и Европа, млади талентирани уметници, професионалци, студенти и средношколци кои заедно создаваат платформа за размена на креативни знаења. 
 
 
Меккен Скопје веќе втора година по ред е дел од оваа креативна приказна и преку својот инспиративен и свеж креативен израз визуелно ја изразува овогодинешната порака на Фестивалот:  креативноста е секаде околу нас, способна да нè поврзе на различни нивоа и различни начини.
 
Визуелниот идентитет на Фестивалот, разиграното ‘‘човече‘‘ го претставува креативното доживување на сите димензии со сите сетила, покажувајќи дека креативноста потекнува од сѐ околу нас, разговорот, размената на идеи, слушањето, гледањето.
 
 
Овогодинешната богата и разнолика програма содржи проекти од областа на модниот дизајн, ентериери, 11 стручни презентации, 2 мастер предавања, 8 креативни работилници, 7 студентски изложби, мултимедијални проекции, 34 поп- ап продавници и др. За добра атмосфера на Фестивалот задолжена е вечерната музичка програма, отварањето ќе биде  со концерти на група ТИ(Србија) и Фулишгрин (Македонија), а останатите денови  ДиЏеите Шурбе, Адо и Александар.
 
Отварањето на Фестивалот е во четврток 9 јуни со почеток во 20:00 часот влезот е слободен.