MK ENG

Стави точка на насилството врз жените и девојчињата

„16 дена активизам против насилство врз жените и двојчињата“ е кампања за која заедно со УНДП ја обоивме Македонија во портокалово и во текот на 16 дена стававме точка на насилството врз жените и девојчињата.

Го осветливме Камени Мост во портокалово, формиравме портокалови панделки од луѓе низ цела Македонија, организиравме студентски дебати на факултетите, поделивме портокалови панделки секаде и секому, ги ставивме на облеката на водителите на вестите, добивме 199 натписи во медиуми, 72 медиуми беа обоени во портокалово 16 дена. Социјалните медиуми беа преплавени со постови и слики под хаштагот #stavitocka.

Со присутноста на портокаловата боја за време на 16те дена и многубројните активности под ‘‘капата‘‘ на моќниот слоган “Стави Точка”, успеавме да ја презентиравме нашата единствена цел – спречување на насилството врз жените и девојчињата. Слоганот силно говори за потребата сите заедно да ставиме точка на молчењето, трпењето, игнорирањето на проблемите.  Оригиналните пораки кои ги оживеавме преку социјалните мрежи ги поттикнаа граѓаните да ги споделуваат, охрабруваат и да поттикнат голема акција за ставање точка врз насилството, тие беа преплавени со постови и слики под хаштагот #stavitocka, остварувајќи 1.988.941 Фејсбук импресии.