MK ENG

Битолското чупе ве носи на патување!

Размислувајќи за најмалите и инспирирани од детската радост и возбуда, заедно со БиМилк и Битолското чупе ја започнавме најновата детска авантура: големата наградна игра на Битолското трајно млеко со 10 витамини низ која не води омилениот детски лик.

Имајќи на ум колку е важно внесувањето на витамини од една страна и креативното развивање на децата од друга, наградната игра е одличен начин како да ги споиме и да ги поттикнеме децата на здрав и активен живот, а при тоа да не ја изоставиме друштвената игра.

Игра е едноставна, забавна и едукативна за секое дете. Креативните решенија го прикажуваат Битолското чупе кое ги повикува најмладите да пијат витаминско млеко, да собираат сликички и да уживаат во аватнурите на чупето и секако да веруваат дека ќе бидат едни од добитниците на супер наградите, меѓу кои е и возбудливото патување во Берлинската зоолошка градина.  

Наградната игра предизвика огромен интерес. Побарувачката за албумот беше огромна, родителите разменуваа сликички, децата пополнуваа по два албуми истовремено, се бараа „врски“по продавниците за да се добие албумот.

Изработивме комуникациска стратегија во три фази преку повеќе канали. Кампањата започна со тизер кој ги поттикна сите да се прашуваа каде е Битолското чупе, додека пак децата беа повикани да ја следат нејзината најнова авантура. Интересната ТВ анимација, веб банерите, флаерот, ПОС материјалите, Facebook апликација ни открија каде е чупето и каде ќе го носи добитниците, додека нејзиното патување стана главна тема на социјалните мрежи.