MK ENG

Побрзо Поправично Поефикасно

Со намера да ја подигнеме свесноста кај широката јавност заедно со УСАИД го претставивме новиот закон за кривична постапка и придобивките од истиот.

Нашиот слоган за кампањата, “Побрзо. Поправично. Поефикасно” ги истакнува главните придобивки од измените во законот и неговите процеси. Од главната и  носечка идеа, развивме комуникациска платформа која ги користи сите комуникациски канали и овозможува најефикасно информирање и објаснување на широката јавност за најважните промени во начинот на функционирање на законот за кривична постапка.  Кампањата остана запаметена по ТВ рекламата која на директен, јасен но и забавен начин ги доближува до обичниот граѓанин клучните промени во законот. Останатите материјали, како печатените огласи, флаерите, брошурите, веб банерите уште повеќе ја дополнуваат целосната слика.