MK ENG

McCann работилница на фестивалот Скопје креатива 2015

“Спакувај се цакум- пакум” е името на креативната работилница која нашиот Ивица Спасовски ќе ја одржи во петок и сабота во рамките на фестивалот за креативни индустрии Скопје креатива 2015.

Работилницата е наменета за сите млади креативци, студенти на графички дизајн како и сите оние кои сакаат да ја започнат својата кариера во светот на рекламната индустрија. Во текот на двочасовносто дружење, учесниците ќе можат заедно со својот ментор да научат како да го направат своето креативно портфолио впечатливо, оригинално и да го привлече вниманието.Учесниците во работилницата ќе имаат можност да ја увидат суштинската разлика меѓу добро и лошо напрaвено портфолио што е еден од клучните моменти при барањето работа. Сите заинтересирани можат да се пријават на mccann@mccann.com, бројот на учесници е ограничен.

Нашата агенција е и овогодинешниот комуникациски партнер на фестивалот и го направи дизајниот на сите сите промотивни материјали кои вклучуваат тв анимација, каталог, флаер, постер, брендинг и др.

Фестивалот Скопје креатива оваа година се одржува на Плаја Виста од 16 до 20 септември. Идејата на фестивалот е да прикаже пресек на културната сцена и креативната индустрија во нашата земја како и во земјите од регионот.

Под мотото „Скопје – мојот град!“ во петте фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настани од сите креативни области - моден, индустриски и графички дизајн, како и филмски и видео перформанси, мултимедијални содржини, перформанси, маркетирање на креативци, додека во вечерните часови ќе може да уживаат во специјално одбраната музичка програма идеално дозирана за сечиј вкус. Скопје Kреатива не ги заборава и најмалите  –  работилници за развивање на креативноста кај дечињата се дел од богатата програма.