MK ENG

Идолите се меѓу нас

Во интервјуто за словенечкото списание “Маркетинг магазин”, основачот на I&F McCann Grupa, Срѓан Шапер,говори за својата музичка и уметничка кариера, за почетоците во светот на адвертајзингот, развојот на бизнисот и преговорите за интеграција со агенцијата McCann Загреб, луѓето со кои работи, како и за Белград како нов регионален бизнис “hub”.

 

Луѓето со кои работам обично соработуваат со мене долги години. Растат со развојот на компанијата, што за оние кои допрва почнуваат да работат е одличен пример дека се работи за агенција во која можe да се напредува.

 

Затоа за важните функции, секогаш прво ги бирам “нашите”луѓе. Но, тие мора да бидат одлучни, храбри и не смеат да се плашат од донесување одлуки.

 

За мене е пофално што можам на јавноста и на клиентите да им кажам дека моите соработници се поголеми стручњаци од мене за одредени области. И така е.

 

Дали клиентите во некоја држава навистина ќе работат со вас, зависи од вашиот квалитет, знаење, цена и др., што на некој начин не е лошо, затоа што секогаш потребно е да се биде фокусиран и да се води грижа за квалитетот на агенцијата.

 

Малите проекти, направени во краток рок, некогаш и во текот на една ноќ и кои не носат пари, се многу значајни за зачувување на долгогодишната соработка со клиентите. Се трудиме и самите да инвестираме доста средства и за нашите партнери да реализираме значителен број про боно проекти.

 

Најуспешно работиме во Србија и Македонија како и во Црна Гора каде сме агенција број еден. Во Албанија сме меѓу првите пет, слично и во Бугарија. Во Словенија сме мали, имаме мала медиумска агенција. Добри сме во Босна и Херцеговина, а исто така преговараме за интеграција на McCann агенцијата во Хрватска. Претставуваме систем кој е еден од ретките со јасен менаџмент и организациска структура од Бугарија до Словенија.

 

Целото интервју можете да го прочитате овде:

http://www.marketingmagazin.si/novice/mmarketing/11618/izsel-je-novi-mm