MK ENG

Промотери.мк - нов проект на Меккен Скопје

Промотери.мк е нов проект на Меккен Скопје чија цел е создадавање мрежа од млади луѓе кои би сакале да ги откријат своите способности како промотери.

Промотери.мк е нов проект на Меккен Скопје чија цел е создадавање мрежа од млади луѓе кои би сакале  да ги откријат своите способности како промотери.

 

Промотери.мк е супер можност за работа како промотер и професионално и успешно претставување брендови на настани или промоции. Одбраните членови на Промотери.мк, покрај можноста да работат како дел од агенциските промо-тимови, ќе добијат стручна обука и тренинг организирани од страна на Меккен Скопје.

 

Промотери.мк е извонредна база на ресурси за агенцијата. Имајќи на располагање стотици професионално обучени промотери, имаме можност на своите клиенти да им понудиме најдоброто решение за нивните настани или промоции.

 

Добродојдени се сите млади и амбициозни кои сакаат да си ја пробаат среќата во светот на бизнисот. Сите заинтересирани  можат да аплицираат преку следниот линк: http://promoteri.mk/