MK ENG

Македонија дел од светското “Wave” истражување

Универзал Медиа Скопје ве поканува да учествувате во “Wave” - најголемото глобално истражување за социјалните медиуми. Овогодинешното осмо издание на “Wave - The language of content” се спроведува во 65 земјии во него учествуваат повеќе од 50.000 интернет корисници кои ги претставуваат погледите, потребите и однесувањето на 1 милијарда највлијателни корисници на интернет и социјални медиуми од целиот свет.

 

И Македонија е една од 65-те земји. Благодарение на Универзал Медиа Скопје, интернет корисниците од Македонија имаат можност да учествуваат во истражувањето и да ја постават Македонија на светската “Wave” мапа. Сè што треба да направат е да одвојат дел од своето време и да го пополнат прашалникот на овој линк: http://bit.ly/wave8mk.  Секој учесник кој ќе го пополни прашалникот и точно ќе одговори на поставеното прашање добива можност да учествува во натпреварот за освојување Acer Tablet.

 

“Wave” е најдолгата и најамбициозната годишна анализа на социјалните медиуми која ја спроведува медиумската агенција Универзал Медиа низ целиот свет. Истражувањето го мери влијанието на социјалните медиуми ширум светот истражувајќи ги новите можностите и промените кои настануваат во комуникациските технологии. Истражувањето во Македонија го спроведува Универзал Медиа Скопје.