MK ENG

McCann најуспешен на фестивалот “Golden Drum”

На фестивалот “Golden Drum” агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа. За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum).

 

 

„По прогласувањето на McCann Белград за најуспешна агенција во нашиот регион за оваа година, наградата која McCannја доби за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е само потврда за квалитетот на работата на сите  McCann агенции. Горд сум што кон тој успех придонесоаи агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на  “Golden Drum” фестивалот. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнери покрај најдобратауслугада бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност-  рече по повод овој успех Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa.

 

 

Кампањата Драма во такси која агенцијата McCann Белград ја направи за “Југословенскиот Драмски Театар”освои златна награда (Golden Drum) во категоријата филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда (Silver Drum) во категоријата на директни кампањи, а влезе и во финалето во категоријата за ПР.

Иновативниот и забавен оглас  за надворешно рекламирање „Pillar Workout“  за ланецот на фитнес клубови „FitCurves“ кој исто така го смислил креативниот тим на агенцијата McCann Белград  влезе во финале во категоријата надворешно рекламирање.  Агенцијата McCann Тирана,  која исто така работи во рамките на I&F McCann Grupа, освои сребрена награда (Silver Drum)во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“  посветена на подигнување свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на “Golden Drum”.

 

 

Фестивалот “Golden Drum” во Порторож е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Оваа година се одржа јубилејното дваесет и прво издание во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи  и 291 агенции од 24 држави кои вкупно пријавија 1220 трудови.

 

Трите наградени спотови можете да ги погледнете тука:

 

Драма во такси – Понапнато отколку во Шекспир

 

Драма во такси – Достоевски на белградските улици

 

Драма во такси – Венецијанска освета на српски начин

 

Наградената кампања  „Ги почитуваме и живите“  можете да ја погледнете на линкот: