MK ENG

McCann Белград најуспешна агенција во регионот

Агенцијата "McCann" Белград е прогласена за најдобра агенција во регионот на фестивалот на рекламни кампањи "BalCannes" кој се одржува во рамките на Викенд Медиа фестивалот во Ровињ."McCann" Белград е прогласена за агенција на годината врз основа на изборот на специјализираниот портал за огласување "Media Marketing" едногласно поддржан од страна на жирито на фестивалот "BalCannes"составено од претставници на специјализирани медиуми од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија.

"Благодарение на креативноста на младите професионалци, квалитетот на услугата и работата кои придонесуваат кон деловните резултати на нашите клиенти, агенцијата "McCann" Белград уште еднаш докажа дека е најуспешна агенција поради што сум многу горд. Оваа награда е потврда на нашата визија да бидеме најпосакуван комуникациски партнер со сите наши партнери, без разлика дали станува збор за локални, регионални или мултинационални компании.", изјави по повод ова значајно признание Срѓан Шапер, основач на "I&F McCann Grupа" во чији рамки работи агенцијата "McCann" Белград.

 

На овогодинешната ревија на најдобри кампањи ‘‘BalCannes‘‘ пријавени беа рекордни 148 проекти од 57 агенции од шест земји од регионот. Во финалниот избор на најдобрите 25 регионални кампањи, агенцијата ‘‘McCann‘‘ Белград се претстави со максимален број проекти, три: ‘‘Драма во такси‘‘ реализирана за ‘‘Југословенско Драмско Позориште‘‘ во Белград, продолжение на кампањата ‘‘Може‘‘ за Рајфајзен банка и кампањата ‘‘Бели дробови на градот‘‘ која ја осмисли креативниот тим на агенцијата "McCann" Белград за "MK Mountain Resort“. ‘‘McCann‘‘ агенциите во Белград, Подгорица и Сараево, кои работат во рамките на ‘‘I&F McCann Grupа‘‘, оваа година на "BalCannes“пријавија 14 проекти.

 

Покрај трите кампањи на ‘‘McCann‘‘ Белград прикажани на финалната ревија, беше претставена и кампањата за ‘‘Skopsko retro collectables" на ‘‘McCann‘‘ Скопје направена за Пивара Скопје.

 

Кампањата ‘‘Драма во такси‘‘ ја доби и наградата "SoMoBorac“ која Викенд Медиа Фестивалот им ја доделува на најдобрите кампањи од областа на дигиталните медиуми и социјалните мрежи.

 

‘‘Многу нè радуваат двете награди, првата за најуспешна агенција, втората за виралниот блокбастер за кампањата ‘‘Драма во такси‘‘. Многуте предизвици во секојдневната работа бараат од нас постојано усовршување. Потврдата од страна на нашата индустрија за нас е значаен показател дека успеваме во тоа. Наградата нè инспирира да бидеме најдобри што можеме‘‘, изјави Оливера Перковиќ, директор на агенцијата ‘‘McCann‘‘ Белград.

 

Викенд МедиаФестивалот кој се одржува по седми пат во хрватскиот град Ровињ и ги обединува вработените во комуникациската индустрија од регионот, агенциите, медиумите и огласувачите, во потполност ја оправда титулата најголем маркетиншки настан во годината.