MK ENG

Анализа на Капитал

По неколкугодишен пад на огласувачкиот пазар, кој во периодот 2009-2012 буквално беше преполовен, првите неколку месеци од новата 2014 година даваат надеж дека годинава адвертајзинг пазарот конечно ќе живне. Светското фудбалско првенство е уште еден импулс плус компаниите годинава повеќе да го разврзат “кесето“ за рекламирање!

Капитал Анализа

Живнува македонскиот огласувачки пазар. По неколкугодишен континуиран пад македонскиот огласувачки пазар конечно се стабилизира!  Минатата 2013 година остана на ниво на претходната 2012 година, со тенденција за благ пораст што на повеќето огласувачки агенции во земјава им дава надеж дека негативниот тренд на македонскиот адвертајзинг пазар е минато.

Она што се истакнува како позитивен момент во минатата година е фактот дека уделот на државата во вкупниот буџет за рекламирање опадна, што значи дека уделот на комерцијалните огласувачи пораснал со оглед на тоа дека пазарот успеал да се одржи на нивото од 2012 година, од околу 40 милиони евра.

Оптимизам дека 2014 година ќе биде добра за медиумите и за агенциите е Светското првенство во фудбал, огромен глобален настан кој предизвикува големо внимание кај граѓаните и кој би требало да биде искористен од огласувачите. Агенциите се надеваат дека СП ќе биде уште еден дополнителен импулс компаниите повеќе да се охрабрат да вложат во огласувањето!

"Имаме релативно стабилизирање на пазарот споредбено со лошите години кои се веќе зад нас и во кој огласувачкиот пазар забележа пад. Кризата влијаеше на прилагодувањето на сите играчи во огласувачкиот пазар. Mислам дека пред нас се подобри години." - изјави Владимир Димовски,  директор на Меккен Скопје.