MK ENG

Српската асоцијација на менаџери и додели на ‘‘I&F McCann Grupa‘‘ признание за најдобар регионален проект

Во катероријата Најдобар регионален проект, третата награда ја доби ‘‘I&F McCann Grupa‘‘ за постигнатиот успех во регионално работење и застапеност на осум пазари во Југоисточна Европа.

Српската асоцијација на менаџери ги додели годишните награди на најдобрите поединци и компании за постигнати деловни успеси во 2013 година.

 

Во катероријата Најдобар регионален проект, третата награда ја доби ‘‘I&F McCann Grupa‘‘ за постигнатиот успех во регионално работење и застапеност на осум пазари во Југоисточна Европа. Зацврстувањето на регионалната организација и поврзувањето на агенциите членки покажува посветеност кон промоција на идеата за поврзување и заеднички настап на нашиот регион.

 

Првата награда за најдобар регионален проект ја доби Нафтената индустрија на Србија (NIS) за проектот бензински станици во регионот, додека второпласирана во истата категорија е компанијата Нектар.

 

За најдобрите одлучуваа членовите на Српската асоцијација на менаџери раководени од следните критериуми:

визионерство, промоција на регионот како инвестициска дестинација и создавање регионален бренд. „I&F McCann Grupa“е препознаена како регионален лидер во областа на пазарните комуникации, како и компанија која со години соработува со интернационални, регионални и локални компании од пазарите во регионот. Одговорноста, знаењето, креативноста, посветеноста и професионалноста им обезбедија на агенциите во рамките на Групата регионално лидерство во соработката со клиентите: The Coca-Cola Company, Carlsberg, Johnson&Johnson, Reckitt Benckiser,  Raiffeisen bank , Danube Foods Group, Omega Pharm, што беше одлучувачко за добивање на ова признание.

Покрај другото, регионалниот успех се гледа и преку признанијата кои оваа година ги добија агенциите членки на „I&F McCann Grupа“  на фестивалите  „BalCannes“  во Ровињ,„Golden Drum“ и „SEMPL“ во Порторож  . Како предавачи, модератори и панелисти, менаџерите на „I&F McCann Grupа“  учествуваа во голем број стручни собири, конференции и панели.

Годишната награда на Српската асоцијација на менаџери има за цел унапредување на деловното опкружување за менаџерите, понатамошна професионализација на менаџерската струка како и афирмација на оние компании, менаџери, образовни инситуции и новинари кои се залагаат за подобри услови за работа како и за подобрар живот на граѓаните во целост.Групата е член на Српската асоцијација од 2008 година. Имајќи во предвид дека една од целите на асоцијацијата е унапредување на регионалната стопанска соработка, фактот што придонесуваме за промоцијата на регионалното стопанство имаше пресудна улога во добивањето на ова значајно признание.