MK ENG

Меккен Скопје добитник на наградата Златен Семплер

Меккен Скопје е добитник на наградата Златен Семплер на 15-тиот Семпл фестивал на медиумски трендови кој се одржа во Порторож, Словенија. Нашиот проект ‘‘Бекутан Радосница‘‘ е одбран од страна на интернационалното жири за победник во категоријата најдобра кампања за социјални медиуми. Златниот Семплер е прва награда за кампања за социјални медиуми во Македонија.

‘‘Тиквеш Бон – тон‘‘ е вториот проект од Меккен кој постигна одличен резултат на овогодинешниот Семл настан. Проектот беше прогласен за финалист помеѓу силната конкуренција и е добитник на Семплер диплома.

Бекутан Радосница е модерна дигитална адаптација на традиционалната книга за мајки и бебиња. Подготвена е за нашиот клиент Алкалоид, за еден од најпознатите нивни брендови, Бекутан. Книгата на безвременски спомени ги доловува сите посебни моменти во животот на децата, како што се првиот ултразвук, првата насмевка, капење, првиот збор, првиот одмор, Нова Година, роденден и сл.

Бекутан Радосница беше истовремено имплементирана во 6 земји од поранешните ЈУ простори, што само по себе беше голем предизвик. Радосницата веднаш беше одлично прифатена. Фановите на Бекутан беа одушевени од идеата и веднаш почнаа да ја пополнуваат радосницата.

До сега, создадени се преку 10.000 радосници и уште толку зачувани спомени. Со Бекутан Радосницата успеавме да го направиме брендот Бекутан дел од животот на  децата и нивните спомени и да им даде на мајките уште една причина зошто да го сакаат и да бидат лојални кон Бекутан уште повеќе.

Семпл е интернационален медиумски настан чија цел е да претстави нови трендови и да ги анализира најдобрите практики. Секоја година, настанот собира на едно место стотици учесници од светската маркетинг и медиумска индустрија. Семпл е добро познат по квалитетот на програмата, квалитетот на проектите и можностите за вмрежување. 

Бекутан Радосницата е сè уште достапна и можете да ја креирате вашата тука: http://bit.ly/becutan-radosnica