MK ENG

Агенциите McCANN со најмногу кампањи на Balcannes

На овогодинешната ревија на најдобри рекламни кампањи од нашиот регион “BalCannes” во Ровињ, агенциите кои работат во рамките на McCann Grupa, имаа најголем број одбрани кампањи во најдобрите 25 - дури 4.
Изборот на најдобрите кампањи го направи жири составено од новинари и уредници од најреномираните регионални медиуми кои ја следат рекламната и комуникациската област. Претставници од секоја агенција имаа можност да ги претстават кампањите кои ја одбележаа изминатата година.
 
McCann Skopje се претстави со кампањата за Винарија Тиквеш,‘‘Вински бон-тон‘‘.  Свесна за недоволното познавање на винската култура, начинот на служење, консумирање и комбинирање на виното од страна на потрошувачите, Винаријата сакаше да преземе нешто. Агенцијата осмисли забавен, лесен и интерактивен начин како да ја едуцира општата јавност и потрошувачите на Тиквеш и истовремено да ги насочи кон нивната ФБ страна и да го зголеми нивното севкупно ангажирање.  Преку добро осмислена  онлајн игра, ‘‘Вински бон-тон‘‘,купувачите на Тиквеш вината добија можност да се запознаат со начинот на служење и консумирање вино.
 
 
 
Агенцијата McCann Beograd се претстави со две кампањи: за Lav пиво и за Raiffeisen банка. Кампањата за Raiffeisen банка со назив ‘‘Може’’ уште од самиот почеток имаше успех и прерасна во спонтатна вирална кампања на социјалните медиуми. Голем број интернет корисници ги правеа своите верзии на кратки пораки кои често на забавен начин си поигруваа со социјалните и политичките предрасуди.
 
 
“Lav Igra & strast” е името на кампањата за Лав пивото чија цел беше да активира и да ги собере навивачите на најпознатите српски фудбалски клубови, Партизан и Црвена Ѕвезда околу заеднички интерес. “Lav Igra & strast” стана навивачки конкурс во рамките на кој популарните делии и гробари се натпреваруваат со цел да набават црно бели столчиња за стадионот на Партизан, односно автобуси за 
 
 
За прв пат, на фестивалот BalCannes, со своја кампања се претстави и една агенција од Црна Гора, агенцијата McCann Podgorica. Тие ја претставија кампањата за превенција на ракот на дојка, изработена како про-боно кампања. За жал, во Црна Гора, во најголем број случаи, карциномот на дојка се открива дури кога е во напреден стадиум. Сепак, оваа болест може да се победи доколку се открие на време. Резултатите од кампањата ‘‘Немој да задоцниш‘‘ ги надминаа сите очекувања. Кампањата беше реализирана во октомври, месец посветен на борба против ракот на дојка, а во следните неколку месеци, значително поголем број жени се пријавија за превентивни прегледи.
 

 
За овогодинешната, втора по ред ревија BalCannes која се одржува во рамките на Weekend Media Фестивалот во  Ровињ, пријавени беа преку 60 агенции со 82 кампањи од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија. Иако BalCannes нема натпреварувачки карактер и не се доделуваат награди, 25-те најдобри кампањи по избор на жирито составено од новинари од регионот кои ја пратат индустријата на рекламирањето, беа претставени пред преполната сала во која присутни беа голем број огласувачи кои се собираат на Weekend Media Фестивалот.
 
Новитет на овогодинешниот фестивал беа панел дискусиите. На една од нив, намената за рекламните агенции и наречена ‘‘Уметноста на невозможното – работење во регионот‘‘, учествуваше и Зденка Милановиќ, регионален директор на McCann која на учесниците на панелот им ги пренесе искуствата во однос на сервисирање регионални клиенти, спојување на пазарите и развојот на креативната индустрија во регионот.