MK ENG

Прва Маркетинг конференција во Македонија

Конференцијата беше посетена од страна на водечките маркетинг менаџери во земјата, топ менаџерите од маркетинг агенциите како и претставници од бизнис и медиумскиот сектор.
Првата маркетинг конференција беше организирана од Капитал Академија и бизнис магазинот Капитал.
Конференцијата беше посетена од страна на водечките маркетинг менаџери во земјата, топ менаџерите од маркетинг агенциите како и претставници од бизнис и медиумскиот сектор. 
На наша иницијатива и покана, Наташа Ѓурѓевиќ од Компанијата Кока-Кола учествуваше како еден од клучните говорници на конференцијата. Таа го презентираше начинот на кој компанијата ја осмислува и води својата маркетинг стратегија. 
Владимир Димовски беше еден од учесниците на последниот панел на кој се дискутираше за свесноста и подготвеноста на домашните компании за потребата од инвестирање во градење и одржување на брендови.
Конференцијата отвори нови перспективи во маркетинг секторот во Македонија. Локални компании активни на полето на маркетинг ги презентираа своите искуства.
Претставници од Алкалоид Скопје, Винарија Тиквеш, Шкода како и уште неколку реномирани компании исто така го дадоа своето видување за индустријата презентирајќи ги своите најдобри искуства.