MK ENG

СКОПСКО ЗА НАС!

Најновата приказна што ја создадовме за СКОПСКО зборува за позитивизам, верба во иднината, другарството, радоста за секој нов момент, нѐ потстетува дека нема за што да жалиме, но имаме многу на што да се радуваме. Ја преточивме во комуникациска платформа со носечка идеа За сѐ добро пред нас, која се надоврзува со новиот слоган: СКОПСКО, ЗА НАС. Сите комуникациски материјали од новата платформа ја отсликуваат моќната порака на позитивизам, радост и исчекување на убавината на секој нов ден.

Приказната мајсторски ја раскажа преку ТВ реклама Милчо Манчевски кој направи одличен спој на играното и документарното, на рекламата и краткиот филм,создавајќи технички совршен ТВ спот со врвна продукција и моќна порака.