MK ENG

Едно е СКОПСКО

Предизвик:

Предизвикот за McCann Skopje беше да ја зацврсти позицијата на омиленото македонско пиво и да популарното СКОПСКО уште повеќе го доближи до новите потрошувачи.

 

Решение:

Едно е СКОПСКО е слоганот на новата маркетиншка платформа на најголемиот македонски бренд СКОПСКО пиво. Платформата претставува продолжување на успешната приказна на брендот што трае уште од далечната 1924. Во својата богата историја, СКОПСКО успева да го задржи највисокото ниво на квалитет истовремено пратејќи ги трендовите, потребите и очекувањата на потрошувачите.  

Новиот визуелен идентитет е спој на модерното и прогресивното, во тек е со новото време, но сепак не го заборава и традиционалното. Едно е СКОПСКО му наздравува на оптимизмот, позитивното во секој од нас, вербата во себе, искреноста и вреднувањето на малите и големите работи во животот.

Интегрираната маркетиншка кампања Едно е СКОПСКО комуницира преку различни медиуми и канали: ТВ, радио, принт, надворешно рекламирање, дигитални медиуми, промотивни материјали и активации на местото на продажба.