MK ENG

Нова дигитална платформа - Полна Чаша

Клиент: Пивара Скопје

 

Предизвик: Веќе постоечката веб страна на Пивара Скопје требаше да се надогради. Нашата задача беше да развиеме нов и иновативен концепт кој соодвестува со лидерската позиција на Пивара Скопје на пазарот.

 
Решение: Глобалниот тренд подразбира премин од едноставниот принцип на корпоративно промовирање во обезбедување на додатни вредности за сите посетители на веб страната. Затоа ние развивме сосема нова корпоративно-комуникациска платформа наречена Полна Чаша. На платформата објавуваме содржини кои се релевантни за Пивара Скопје, како пивски приказни, пиво и храна, приказни за активен живот, интервјуа со познати спортисти, здравје и безбедност, иновации, животен стил... Со цел компанијата да развие поблиска и позначајна врска со потрошувачите, купувачите и добавувачите, ги активиравме социјалните мрежи. Различни содржини од платформата се споделувани на социјалните мрежи кои служат како главен двигател за зголемување на посетеноста на веб страната.

 

Резултати: Во првите два месеци по лансирањето, постигнавме над 20,000 посетители на платформата, над 60,000 прегледи, 3,500 Facebook фанови и вкупен Facebookдосег од 400,000.