MK ENG

За Наше Добро

 

Клиент:

 Влада на РМ, Министерство за Економија (тогашно министерство за трговија

Предизвик:

Подобрување на имиџот на македонските производи и поттикнување на продажба на домашни производи со цел подобрување на економијата.

Креативно решение:

Осмислување на целосна кампања за подигнување на свесноста и нејзина реализација во неколку фази: вовед, односно тизер, создавање имиџ, едукација, вклучување на познати личности, имплементација на ‘‘Направено во Македонија‘‘ во сите продавници. 

Логото на кампањата претставува многу едноставно насмеано сонце кое потсетува на македонското знаме. Реченицата ‘‘Направено во Македонија‘‘ симболизира насочува кон квалитет еднаков на западните земји: Made in Italy, Made in USA, и др.

 

Резултати:

Според истражувачката агенција Брима Галуп, кампањата помогна во подигнување на порастот на домашните производи за околу 20% во текот на 1 година.Според нив, кампањата беше една од најефективните спроведени кампањи.

Дури и денес, логото насмеано сонце се наоѓа на фискалните сметки.