MK ENG

Твојот начин да бидеш фит

Клиент: БиМилк

 

Предизвик: Fit беше првиот грчки јогурт на пазарот и за луѓето оваа категорија не беше толку позната како и бенефитите од користење на ваков производ. На јавноста требаше да им се претстават два нови вкусови. Нашата задача беше да ги утврдиме клучните комуникациски точки каде што можеме да допреме и да ја поттикнеме нашата целна група, млади и вистински борци во водење на здрав и активен живот.

 

Решение: Истражувањето покажа дека луѓето од целната група се зависни од интернетот и го користат истиот како главен извор на информации. Поради тоа, за повторното ланисрање на Fit одлучивме да користиме интегриран дигитален концепт. Развивме микросајт dalisifit.mk која беше централна точка на кампањата каде што креиравме и објавуваме содржини релевантни за целната група (совети за вежбање, здрави рецепти, препораки за активен живот). Преку објавените содржини индиректно го пласиравме грчкиот јогурт и бенефитите од неговото консумирање. Исто така содржините беа споделувани на социјалните мрежи (Facebook и Instagram) кои беа главни двигатели за зголемување на посетеноста на микросајтот. За дополнително зголемување на посетеноста на микросајтот направивме веб банери за локалните медиуми, како и дисплеј реклами на Google. На YouTube објавивме видео кое што ги објаснува придобивките од користење на јогуртот. Со цел дополнително да го промовираме производот ги вклучивме и влијателните лица од категоријата на здрав живот кои што на своите профили на социјалните мрежи објавуваа фотографии во кои го има јогуртот .

 

Резултати: Микросајтот е сè уште активен и генерира посетеност иако кампањата траеше само 2 месеци. Во текот на кампањата постигнавме 40.000 посети на микросајтот, Facebook досег од повеќе од 350.000, 10.000 нови Facebook фанови, 1.000 Instagram следбеници, интеракцијата на социјалните медиуми забележа пораст од 10%.