MK ENG

Coca-Cola фудбалска еуфорија

Повеќе од 1.500 момчиња и девојчиња од цела Македонија минатиот месец ја доживеаа фудбалската еуфорија  на Coca-Cola купот. Спортските терени низ Македонија беа исполнети со црвените Coca-Cola маички на играчите кои неуморни и полни со ентузијазам уживаа во добриот фудбал и добрата дружба во третиот по ред Coca-Colaфудбалски куп. Финалните натпревари беа одиграни на стадионот на Работнички пред голема публика, многу навивачи, финале на кое беа доделени 300 медаљи за сите учесници.

Традиционалниот проект на Coca-Cola и Пивара Скопје ги инспирира и поттикнува младите и ги учи дека физичката активност е неопходна за здрав живот исполент со енергија.

Агенциска задача:

И оваа година, бевме задолжени забрендинг, дизајн,  организација на финалниот настан, промоции со илјадници поделени Coca-Cola и Coca-Cola Zero лименки, дизајн и продукција на флаери и постери, односи со јавност вклучувајќи обезбедување медумска покриеност во текот на натпреварите, организација на прес конференција, гостувања на телевизија, веб и принт објави, ТВ прилози во спортските вести на најгледаните ТВ станици, вкупно повеќе од 30 објави во медиумите.