MK ENG

Провери Ги

Клиент:
НВО Веритас Спирити

Предизвик:

Зголемување на свесноста за ракот на тестиси и информирање на машката популација како да навремено да го откријат. Буџет за кампањата речиси не постоеше.

Креативно решение:

Основната креативна идеа беше да им дадеме на мажите РАКА за самопреглед, а истовремено да не ги исплашиме, да им се обратиме на нивен јазик и во нивен манир. Рака која ќе ги испровоцира на самопреглед без да се чувствуваат засрамено или приморано. Слоганот на кампањата беше ‘‘Биди мудар, провери ги!‘‘. Продуцирани беа воблери, стикери и други материјали кои беа поставени на места каде што мажите најчесто одат, се чувствуваат слободно и пријатно, како на пример, берберници, теретани, стадиони, пералници на коли и сл. Покрај тоа, креативната идеа направи директна асоцијација на тестиси со нивниот сленг израз: јајца. Па така, тезгите за јајца на пазарите осамнаа со налепници ‘‘Провери ги!‘‘. Кампањата беше поддржана и од веб страна  www.proverigi.com.mk.

Резултати:

Кампањата е добитник на Златен лав на Канскиот рекламен фестивал, како и речиси сите други награди на најпрестижните рекламни и медиумски фестивали во светот.

Свесноста за ракот на тестиси пред кампањата беше незначителна, додека по кампањата забележа голем раст..

Беше зголемена и посетеноста кај докторите специјалисти.

Интернет банерите беа кликнати 100% повеќе од регуларните банери.