MK ENG

Добредојдовте!

Ова е Манифестот на Меккен Скопје. Ние веруваме во интегритет. Во тоа што го правиме и како го правиме: храбро и креативно. Добро кажаната вистина е нашето мото.

 

Ние веруваме во тоа што го правиме и како го правиме: храбро и креативно.

Поседуваме безброј комуникациски способности со кои го предизвикуваме денешното време, денешниот потрошувач, производ, пазар, клиент.

Добро кажаната вистина е нашето мото.

Тоа е нашата страст. Нашата обврска. 

 

Добредојдовте во Меккен Скопје

местото каде што ќе почувствувате енергија водена од разум, инспирирана од  страст.

Агенцијата Меккен Скопје е формирана во 1997г. и е една од основачите на македонската рекламна индустрија. Агенцијата е дел од I&F McCann Grupa. Бескрајната креативност комбинирана со несекојдневна реализација преку различни комуникациски канали е експертиза на Меккен Скопје за која ги има добиено сите релевантни интернационални награди во рекламната индустрија, меѓу кои и најпрестижната: Златниот Лав на Канскиот рекламен фестивал.

 

I&F McCann Grupa

I&F McCann Grupa е основана во 1997 година од Срѓан Шапер, и е една од водечките маркетинг комуникациски мрежи во Југоисточна Европа. Поврзува повеќе од 600 талентирани професионалци кои работат во 12 земји – Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Норвешка, Шведска, Финска и Данска. Сите агенции се дел од најголемата комуникациска мрежа во светот - McCann Worldgroup и нудат единствена комбинација на стратегија, креативност и иновација за локални и меѓународни клиенти, испорачувајќи маркетинг решенија кои трансформираат брендови.
 
I&F McCann Grupa е маркетинг комуникациски партнер на водечките домашни, регионални и меѓународни брендови. Обезбедува целосен спектар на маркетинг услуги почнувајќи од маркетинг и комуникациска стратегија, креативна стратегија и решенија, бренд дизајн, издаваштво, медиуми, односи со јавност, дигитални комуникации, дизајн, промоции и настани итн.
Агенциите кои работат во рамките на I&F McCann Grupa, се добитници на преку 170 меѓународни и локални награди како признанија за нивната работа и супериорен перформанс во полето на комуникациите на Балканот. Помеѓу наградите се вбројуваат и најпрестижните во комуникациската индустрија, наградите Златен Лав (2009) и Бронзен Лав (2011).
 

За основачот

Во 1997 година, Срѓан Шапер ја основа агенцијата McCann Белград, денес дел од I&F McCann Grupa, комуникациски систем кој успешно работи во 12 земји во јужна и северна Европа. Со своето повеќе децениско искуство во адвертајзингот, Срѓан Шапер допринесе во развојот на бројни домашни и регионални брендови, а познат е и како еден од членовите на бендот “VIS Idoli”. Предавач е на постдипломските студии на Факултетот за драмски уметности. Срѓан Шапер исто така и е член на Српската асоцијација на менаџери, Меѓународното адвертајзинг здружение, Американската стопанска комора, Српско-британскиот бизнис клуб.